СДСМ: Поминаа 2 години ДПМНЕ ја има најнеспособната локална власт

СДСМ: Поминаа 2 години ДПМНЕ ја има најнеспособната локална власт

пред 6 месеци

„Поминаа 2 години ДПМНЕ ја има најнеспособната локална власт

На половина од мандатот на локалните власти на ДПМНЕ во над 40 општини големо е разочарувањето на граѓаните од неисполнетите изборни ветувања.

Резултатот на ДПМНЕ е 0 резулати, безброј нереализирани изборни ветувања и поголеми сметки за граѓаните за данок на имот и до 300%, како и за ѓубретарина, вода, комунални услуги.

Скопје е пример како Мицкоски и ДПМНЕ не го испорачаа она што го ветуваа пред граѓаните. Клучното ветување за бесплатен градски превоз во Скопје е само на хартија, нема ни нови 250 еколошки автобуси, нема ниту модерен еколошки транспорт.

Граѓаните се изневерени и од градоначалниците на Кисела Вода, Гази Баба, Аеродром, каде ги нема ветените проекти, но има дополнително задолжување на општините.

Ништо не е подобра состојбата ни во Штип, Битола, Прилеп, Охрид и другите општини раководени од ДПМНЕ.

Ништо од ветените проекти во програмите не остварија, едно зборуваа кога бараа гласови од граѓаните, а денеска друго.

По 2 години се потврди дека ДПМНЕ ја има најнеспособната локална власт“.

Соопштение на СДСМ

Текстот СДСМ: Поминаа 2 години ДПМНЕ ја има најнеспособната локална власт е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top