СДСМ: Процесот на масовна имунизација се спроведува со одлична динамика

пред 3 години

Процесот на масовна имунизација се спроведува со одлична динамика, велат од СДСМ. Партијата ги повика граѓаните да се пријавуваат за вакцинација.

„Процесот на масовна имунизација против коронавирусот се спроведува со одлична динамика и темпото на вакцинација во државата расте од ден во ден, системот функционира беспрекорно и без потешкотии. Масовната имунизација освен во Скопје, се одвива и во вакциналните пунктови во Тетово, Битола, Кавадарци, Охрид, Штип и Куманово, а во наредните денови се очекува отворањето на вакциналните пунктови за масовна имунизација во Велес и Прилеп“, велат од СДСМ.

Над 119.000 граѓани се вакцинирани досега во нашата држава. Од нив 21.890 граѓани примиле две дози вакцина против коронавирус. Вкупно 256.346 граѓани се пријавиле за вакцинација.

„Граѓаните да се пријавуваат за вакцинација, сите вакцини се безбедни, нема контра индикации и нема никакви последици од вакцините. Масовната вакцинација е клучна во градењето колективен имунитет и ставање крај на пандемијата на коронавирусот“, велат од СДСМ.

Share
Scroll to Top