Владата предводена од СДСМ ги штити државните и националните интереси, во решавањето на прашањата со Бугарија, не отстапува од црвените линии кои се дефинирани со Резолуцијата усвоена во Собранието од страна на пратениците од сите политички партии; велат од СДСМ.
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
„ За македонскиот јазик, за македонскиот идентитет, за македонската историја и посебност, нема, ниту може да има никакви преговори.
Од друга страна ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски, во време кога се решава евроинтеграцискиот процес на државата, се однесуваат срамно, неодговорно и недозволиво, со што прават штета на државните позиции и националните интереси. Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ја засилија деструкцијата и лажеа дека ќе се избрише македонскиот јазик, дека народот ќе биде асимилиран, а државата ќе се бугаризира“ се вели во соопштението.
Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да покажат одговорност, да престанат да одработуваат за туѓи интереси и да не прават штета само заради задоволување на лични и партиски интереси, порачаа од владејачката партија.