СДСМ: Градоначалниците на ДПМНЕ земаат 1.500 евра плата, а удираат по џебот на граѓаните

СДСМ: Со Пендаровски и СДСМ до членство во ЕУ, со Силјановска и ДПМНЕ враќање во изолација

пред 10 месеци

Изборот што им се нуди на граѓаните на претстојните претседателски избори е членство во ЕУ или враќање назад во изолација, велат од СДСМ.

Со Пендаровски и СДСМ граѓаните до членство во ЕУ, или со Силјановска и ДПМНЕ во изолација. Понудата на ДПМНЕ и Силјановска е да се откажеме од иднината, од надежта, да се изолираме и да се збогуваме со секоја вистинска и суштинска промена за подобро утре, велат од СДСМ.

Само со Пендаровски и СДСМ е остварлива единствената реална надеж за светла македонска иднина – членство во ЕУ, поголеми плати и пензии, економски раст, европски вредности и стандарди. Затоа на претстојните избори граѓаните ќе дадат силна поддршка за Пендаровски. Ќе кажат НЕ за изолација и ДА за Европа, велат од СДСМ.

Текстот СДСМ: Со Пендаровски и СДСМ до членство во ЕУ, со Силјановска и ДПМНЕ враќање во изолација е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top