ВМРО-ДПМНЕ: Власта воведе полициски час, а после ќе пушта невакцинирани попишувачи по домовите

пред 3 години

Власта воведува полициски час и ограничува движење а за само дваесеттина дена ќе пушти илјадници попишувачи да одат по домовите на граѓаните, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Зоран Заев не го интересира ниту здравјето, ниту животот на луѓето. Заев го интересира само политичка корист, а во овој смисол остварување на политичкиот договор.

Организирање на попис во услови на разгорена пандемија ќе резултира со илјадници нови заразени и стотина мртви.

Заев пушта невакцинирани попишувачи и со тоа се заканува да го направи најголемиот корона кластер до сега.

Попис во сред пандемија е сигурен начин како цела држава да заболи од корона.

Несовесно и срамно е што Заев продолжува со намерите за организирање на попис, не само покрај аргументите на стручната јавност и граѓаните, туку и по откажувањата на пописите во Бугарија, Србија, Хрватска, Ирска, Германија и други држави.

Сите овие држави имаат вакцинирано голем дел од населението, но сепак не сакаат никого да ставаат во животно загрозувачка состојба.

Зоран Заев и Венко Филипче ќе одговараат за штетите кои што ги нанесуваат врз јавното здравје и животот на граѓаните“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Share
Scroll to Top