СДСМ тврди дека опозицијата нудела 1.000 денари за глас во Македонска Каменица

пред 3 години

Кандидатката за градоначалничка на општина Македонска Каменица, Соња Стаменкова, од СДСМ рече дека ВМРО-ДПМНЕ е партијата која нудела 1.000 денари за глас на локалните избори.

Случајот претходно денеска го обелодени Министерството за внатрешни работи.

Стаменкова рече дека поткупот бил пријавен лично од момчето кому му биле понудени парите во замена за глас.

„Денеска, точно во штабот на ВМРО-ДПМНЕ на наши сограѓани им се делеле пари – поткуп, до 1.000 денари за да гласаат за кандидатот на ВМОР-ДПМНЕ. Одговорност за овој случај ќе има, тоа е јасно“, рече Стаменкова.

Таа порача дека ВМРО-ДПМНЕ ќе загубат на изборите и ги повика граѓаните да излезат и да гласаат.

Share
Scroll to Top