СДСМ: 11 години ВМРО-ДПМНЕ како власт крадеше и го задолжуваше народот

пред 3 години

Владејачката СДСМ со реакција на денешната прес конференција на Гордана Димитриеска Кочоска која истакна дека за да нема зголемување на даноците, владата треба да го запре расипничкото трошење на државните пари.

„Партијата која кога беше на власт 11 години крадеше и го задолжуваше народот за да гради луксузна бела палата од каде денес шири лажни вести, да гради споменици кои се распаѓаат и за да се богати партиското раководство, нема кредибилитет да зборува за економија. ВМРО-ДПМНЕ е партија која и во опозиција се противеше и ја кочеше финансиката поддршка за граѓаните и стопанството и правеше се’ за парите да не стигнат таму каде што се најпотребни. Нивните функционери јавно се противеа на концептот парите назад кај граѓаните, се противеа и на покачувањето на минималната плата“, реагираат преку соопштение од СДСМ.

Од таму додаваат дека во најтешкиот период од пандемијата од Ковид-19, преку дополнителната заменичка министерка за финансии, ВМРО-ДПМНЕ со месеци кочеше заем од Светска банка, пари наменети за инвестиции во здравството и за помош на најранливите.

Владата предводена од СДСМ се соочи и со враќање на долгови направени од ВМРО ДПМНЕ за Скопје 2014, напоменуваат од СДСМ.

“Немаме за леб, трошиме на чоколадо”, тоа е ВМРО-ДПМНЕ и нивниот однос кон парите на граѓаните кој и денес не е променет. Денес, парите одат кај граѓаните. Во домаќинствата и во компаниите преку пакетот мерки во време на пандемија директно се вбризгани над 65 милијарди денари. Македонска економија оди кон стабилни и поголеми стапки на раст и тоа го потврдуваат сите економски податоци“, посочуваат од владејачката партија.

Share
Scroll to Top