Избрани заменик-министрите во преодната Влада

СДС како ученичиња го гласаа Талат, се удираа во гради дека нема да ги прифатат министрите на ВМРО-ДПМНЕ во техничката влада, велат од ВМРО-ДПМНЕ

пред 4 месеци

СДС со недели се удираа во гради дека нема да ги прифатат министрите на ВМРО-ДПМНЕ во техничката влада. Потоа Ковачевски велеше дека ќе има техничка влада без министри од ВМРО-ДПМНЕ, а вчера кога требаше да се гласа владата со премиер Талат Џафери како ученичиња се нацртаа да го изгласаат, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Евидентно е, според нив, дека СДС на поклон ја дава државата на ДУИ, а за возврат така ги купува своите фотелји и владеење.

„Евидентно е и дека ДУИ владее со СДС, а Ковачевски го моли ДУИ да го поддржат на наредните избори нивниот претседателски кандидат и да имаат заеднички листи на параламентарните избори.

Токму поради таквата пресметливост народот смета дека повеќе не постои држава, ниту систем“, истакнуваат од оваа партија.

Текстот СДС како ученичиња го гласаа Талат, се удираа во гради дека нема да ги прифатат министрите на ВМРО-ДПМНЕ во техничката влада, велат од ВМРО-ДПМНЕ е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top