Се запалил автобус на „ЈСП“ во движење

пред 4 години

Автобус на „ЈСП“ се запалил во движење информираше полицијата. Инцидентот се случил вчера попладне.

„На 10.08.2021 во 13.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница на бул.„Кочо Рацин“ со ул.„11 Октомври“ во Скопје настанал пожар во автобус на ЈСП во движење“, соопшти МВР.

Пожарот бил изгаснат, повредени лица нема, а увид извршила екипа на СВР Скопје.

Share
Scroll to Top