Се запали автомобил во Карпош, огнот зафати и други возила

пред 2 години

Синоќа на подрачјето на Карпош настанал пожар на патничко возило „фиат пунто“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на З.Ј.(61) од Скопје.

Од МВР соопштија дека нема повредени лица, а од пожарот биле зафатени уште две патнички возила, „цитроен ц4“, сопственост на В.А.(70) од Скопје и „југо корал“ сопственост на Н.С.(70) од Скопје, двете со скопски регистарски ознаки.

Од страна на Бригадата за противпожарна заштита пожарот бил изгаснат.

Извршен бил увид од полициска екипа.

Share
Scroll to Top