Управниот одбор на јавното претпријатие „Градски Паркинг“ – Скопје денес донесе одлука за намалување на цената за паркирање во Скопје од 01.03.2022.
Со ова, велат од таму, се исполнува едно од главните ветувања на новото раководство за граѓаните на Скопје.
„Со оваа одлука се предвидува намалување на цените на услугите на ЈП „Градски паркинг“, со што цената за паркирање се намалува во зонското паркирање, во зона А0 од 100 се намалува на 75 денари, во зона А од 50 се намалува на 40 денари, во зона Б од 40 на 30 денари, а во зоните Ц и Д паркирањето ќе се намали од 30 на 25 денари за 1 час“, пoтенцираат во писмениот допис.
„Со усвојување на оваа одлука на УО на ЈП „Градски паркинг“, се потврдува и реализира ветувањето за поевтин паркинг за скопјани“, додаваат од „Градски Паркинг“– Скопје .