Се расчистува случајот во кој сопруга на гинеколог, без лиценца направила царски рез во битолската болница

пред 3 години

Битолското оновно јавно обвинителство оформи предмет по добиена анонимна пријава, во врска со постапувањето на гинеколози од Клиничка болница во Битола и едно лице, странска државјанка, за кое постои сомневање дека на 1 јануари годинава без лиценца за работа преземалa медицинска интервенција.

Од СВР Битола вчера соопштија дкеа двајца доктори гинеколози во битолската болница, пречекорувајќи ги своите посебни овластувања во вршење на должноста, ѝ овозможиле на сопругата на едниот од нив, без соодветна лиценца за работа, да изврши породување со царски рез.

„Кон предметот е припоена и кривична пријава поднесена од СВР Битола против три лица заради преземени дејствија со кои ги пречекориле своите посебни овластувања и овозможиле лице без соодветна лиценца за работа, да изврши оперативна интервенција врз родилка, односно породување со царски рез во ЈЗУ Клиничка болница Битола“, се наведува во соопштението на обвинителството.

По завршувањето на интервенцијата, едно од лицата во оперативниот дневник внело невистинит податок, односно во графата податоци за оператор, ги внело своите податоци и податоците на колегата, а од стариот оперативен дневник отстранило страници на кои третото лице ги запишало извршените оперативни интервенции.

На 3 февруари 2021 година јавниот обвинител издал Наредба за вештачење на Оперативни дневници на Одделот за Гинекологија и акушерство при клиничката болница во Битола, за кои постои сомнение дека содржат невистинити податоци, односно се отстранувани страници.

Share
Scroll to Top