Владата на денешната седница одлучи да ги укине сите останати ковид-мерки.
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
Исклучок ќе има за задолжителното носење заштитни маски во здравствените домови, аптеките, јавниот превоз и центрите за нега на стари лица и лица со посебни потреби.
Владата препорачува практикување на основните превентивни мерки за лична заштита од Ковид-19.
Претходно, Комисијата за заразни болести на состанок одржан на 27 април препорача укинување на сите рестриктивни мерки за справување со Ковид-19.