Синдикатот на УКИМ на 30 јуни со мирен протест пред Влада

пред 4 години

Сојузот на синдикати на вработените на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје преку соопштение информираше дека на 30 јуни од 19 часот ќе организира мирен протест пред Влада. Целта на протестот е да се изрази незадоволство од, како што наведува, „драматично влошената материјална состојбата на вработените на Универзитетот“.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

„Платите на вработените на УКИМ се исклулчително ниски и се неколкупати помали од платите на универзитетите во регионот. Никогаш во својата историја вработените на УКИМ не биле во потешка материјална состојба од денес“ – соопштија од Синдикатот на УКИМ.

Претходно, на 2 јуни одржаа предупредувачки протест пред Ректоратот на УКИМ. Таму побараа од Владата зголемување на платите.

Сојузот на синдикати на вработените на УКИМ ги повикува и граѓаните да им дадат поддршка на протестот пред Влада за да се обезбедат подобри услови и квалитет во високото образование.

Share
Scroll to Top