Син ѝ се заканувал на мајка си: „Ќе те убијам и ќе ја запалам куќата“

пред 3 години

Шеест и тригодишна жена од Кочани била жртва на закани од страна на нејзиниот син.

Според пријавеното во полицијата, во семејниот дом, нејзиниот син З.В.(40) ѝ се заканил дека ќе посегне по нејзиниот живот и ќе ја запали куќата.

МВР не соопшти детали што претходело на настанот. Синот е приведен, а по комплетирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Share
Scroll to Top