Систем за електрична енергија од сонцето ќе биде поставен на покривот на ГТЦ

пред 3 години

АД ЕСМ и АД ГТЦ ќе градат систем за производство на електрична енергија од сонце на покривот на Градскиот трговски центар.

Фотоволтаиците ќе бидат поставени на кровниот простор кој во моментот е неискористен и кој во иднина ќе се употребува за производство на зелена енергија во срцето на градот.

„Со изградба на фотоволтаиците на покривот на Градскиот трговски центар, ќе се овозможи инвестирање во нови обновливи извори на енергија, со што се постигнува одржлив развој и се намалува негативното влијание врз животната средина преку искористување на кров на деловен објект“, велат од ЕСМ.

Меморандумот за соработка го потпишаа генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски и извршниот директор на АД ГТЦ, Ѓоко Трајчевски.

Зафатот е со цел реализација на Стратегијата за развој на енергетиката 2021-2025 година и еден од врвните приоритети на енергетската политика на АД ЕСМ, а тоа е енергетска трансформација со проширување на производствени капацитети од обновливи извори на енергија, посебно на сончева енергија.

Share
Scroll to Top