Сиљановска – Давкова: Имаме најмало и најстаро владино авионче во регионот, секогаш имам дилема дали да летам со него

Сиљановска – Давкова: Имаме најмало и најстаро владино авионче во регионот, секогаш имам дилема дали да летам со него

пред 2 часа

Претседателката, Гордана Сиљановска – Давкова, призна дека секогаш има дилема кога треба да се вози со владиниот авион затоа што е стар 25 години. Таа, исто така, вели дека имаме најстаро и најмало владино авионче во регионот.

„Што можам да кажам? Ајде, да ве насмеам. Владиното авионче моите колеги претседатели во регионот го нарекуваат авиончето на браќата Рајт, бидејќи е најмало и најстаро. Јас можам да кажам за мене, употребата на владиното авионче понекогаш овозможува функционално извршување на државната работа, ама и поевтина од користењето на комерцијални летови. Е сега, не е многу пријатно, и самата секогаш кажувам дека секогаш имам дилема кога немам друг избор, бидејќи знам дека е старо 25 години, а и купено е на старо“, одговори Сиљановска -Давкова на новинарско прашање.

Таа смета дека е многу порационално и поевтино да се има поголемо, како што кажа, авионче од нашето.

„Моите колеги претседатели велат дека е многу порационално и поевтино да се има поголемо авионче од нашето најмало авионче, бидејќи тогаш со еден лет ќе може повеќемина да одат и да се вратат кога сакаат, а ми замеруваат, а знам дека тоа е мој голем хендикеп, што со нас нема новинари. Со нив понекогаш доаѓаат и новинари“, рече Сиљановска – Давкова.

Текстот Сиљановска – Давкова: Имаме најмало и најстаро владино авионче во регионот, секогаш имам дилема дали да летам со него е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top