Скијачи се изгубиле во густата магла на Попова Шапка, интервенирала полицијата

пред 2 години

Двајца тетовци на возраст од 15 и 19 години утрово во 10.30 часот во СВР Тетово пријавиле дека поради лошите временски услови и густата магла на Попова Шапка, во близина на новиот ски-лифт, каде се искачиле да скијаат, се изгубиле и потоа не знаеле каде точно се наоѓаат.

Како што информираат од МВР, полициски службеници од полициското одделение Попова Шапка и екипи од „Елем Турс“ веднаш презеле соодветни мерки за нивно пронаоѓање и ги пронашле двајцата тетовци, како и уште 7 други лица од Скопје, Куманово и Косово кои, исто така, се изгубиле во тој реон.

Деветте лица на возраст од 15 до 45 години, околу 12.30 часот безбедно вратени.

Share
Scroll to Top