Дваесет и петгодишен скопјанец бил приведен синоќа во 21:30 часот на подрачјето на Карпош.
Како што соопшти полицијата, покрај тоа што го прекршил полицискиот час, кај него била пронајдена и марихуана.
По целосно документирање на случајот, против лицето ќе биде поднесен соодветен поднесок, велат од МВР.