Скопјанец и кумановец се степале за паркинг во Аеродром

пред 5 години

Двајца возачи од Скопје и Куманово се степале на паркинг на подрачјето на скопската општина Аеродром, соопшти полицијата.

„На 13.12.2021 во 15.04 часот во СВР Скопје било пријавено дека на паркинг на подрачјето на Аеродром, по претходно недоразбирање околу паркинг место, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Ф.Д.(37) од Куманово и В.Б.(49) од Скопје“, информираат од МВР.

Сочинети се записници за констатиран прекршок против јавниот ред и мир.

Share
Scroll to Top