Собранискиот претседател Талат Џафери ќе учествува на 9. Пленарна сесија на ПС на ПСЈИЕ

пред 2 години

Делегација на Собранието на Република Северна Македонија, предводена од Талат Џафери, претседател на Собранието и шеф на Делегацијата во Парламентарното собрание на Процесот на соработка во Југоисточна Европа (ПС на ПСЈИЕ), а во чиј состав се пратениците: Мартин Костовски, Павле Трајанов и Артина Ќазими, членови на Делегацијата во ПС на ПСЈИЕ, ќе учествува на 9. Пленарна сесија на ПС на ПСЈИЕ, што ќе се одржи од 1 јуни до 2 јуни 2022 година во Атина, во рамките на грчкото претседавање со Процесот.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

Во рамките на Пленарната сесија ќе се одржат: седница на Постојаниот комитет, седници на трите комисии на ПС на ПСЈИЕ за социјален развој, образование, истражување и наука; за правда, внатрешни работи и безбедносна соработка и за економија, инфраструктура и енергија, како и Пленарна седница.

Предвидено е претседателот Џафери да има обраќање на Генералната дебата на Пленарната седница на тема: „Целите за одржлив развој за животната средина. Влијанието на кризата врз Југоисточна Европа: безбедност на снабдувањето со енергија и синџирот на земјоделско-прехранбени производи“.

Се очекува на крајот на 9. Пленарна сесија на ПС на ПСЈИЕ учесниците да усвојат Финална декларација.

Парламентарното собрание на ПСЈИЕ, во кое членуваат парламентите на земјите на Југоисточна Европа: Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Грција, Косово, Молдавија, Романија, Северна Македонија, Словенија, Србија, Турција, Хрватска и Црна Гора своите цели и задачи ги базира на принципите на регионална сопственост и европска интеграција. Парламентарното собрание игра значајна улога во промовирањето на парламентарното учество и олеснувањето на интерпарламентарниот дијалог и соработка во регионот, како и во поттикнувањето на процесот на интеграција во Европската унија.

Share
Scroll to Top