Советот за безбедност ќе заседава за Ковид-19

пред 3 години

Со почеток во 12 часот, во Кабинетот на претседателот во „Вила Водно“, ќе се одржи седница на Советот за безбедност на Република Северна Македонија.

На седницата, покрај редовните членови на Советот, по покана на претседателот Стево Пендаровски ќе присуствува министерот за здравство, Венко Филипче. На десеттата седница на Советот за безбедност ќе се разговара за актуелната ситуација предизвикана од пандемијата на Ковид-19 и мерките и активностите на надлежните институции, се наведува во соопштението.

Share
Scroll to Top