Сончево време со температура до 22 степена

пред 3 години

Времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, особено во западните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, информира УХМР.

Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 8, а максималната ќе достигне од 15 до 22 степени.

Во Скопје, претежно сончево со слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 18 степени.

Во следните денови ќе се задржи стабилно време, сончево со мала до умерена локална облачност и со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во постепен пораст.

Share
Scroll to Top