Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец, информираат од УХМР.
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 16, а максималната ќе достигне од 26 до 32 Целзиусови степена. УВ=8
Во Скопје, претежно сончево. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 30 степени.
В петок попладне ќе има локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. В сабота ќе дува засилен северен ветер, а во планинските подрачја ќе има услови за краткотраен дожд.
Потоа во следните денови ќе биде претежно стабилно и топло со слаб до умерен северен ветер.