Сончево време со услови за пороен дожд попладне

Сончево време со услови за пороен дожд попладне

пред 2 години

Времето денес ќе биде променливо облачно и топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.  Од пладневните часови претежно во северните делови ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 14, а максималната ќе достигне од 23 до 29 степени.

Во Скопје променливо облачно, попладне во делови од котлината ќе има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 28 степени.

Од четврток до сабота ќе преовладува сончево и топло време. Промена на времето со локални врнежи од дожд, наместа пообилни и пад на дневната температура се очекува од недела.

Текстот Сончево време со услови за пороен дожд попладне е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top