541 полицајци ангажирани во превенирање и гасење на пожарите изминатото деноноќие

пред 3 години

Во текот на изминатото деноноќие, во периодот од 07.00 часот на 17.08.2021 до 07.00 часот денеска на 18.08.2021 во активностите за гаснење и превенирање на пожарите на територијата на Република Северна Македонија, од страна на МВР беа ангажирани 541 полициски службеник, реализирани се 214 мото-патроли, а користени 156 моторни возила. На терен се и припадниците на сите специјални единици на полицијата, соопштија од ресорното министерство.

МВР апелира строго да се почитува забраната за движење во шумските предели, граѓаните максимално да се воздржат од палење огнови, отпадоци, меѓи и стрништа на нивите, да не се фрлаат неизгаснати догорчиња и да не оставаат стаклени шишиња или други предмети, кои доколку се подолго време изложени на сонце, можат да предизвикаат пожар. Неопходна е максимална будност и целосно одговорно однесување на секој поединец, потенцираат од МВР.

Share
Scroll to Top