Сончево и многу топло со температури до 43 степени

пред 3 години

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер претежно од југозападен правец. Во попладневните и ноќните часови ќе има локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме, со пообилен пороен дожд за кратко време, електрични празнења, силен ветер (над 80 км/час) и услови за појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 24, а максималната од 35 до 43 степени. УВ=9

Во Скопје, ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност и со умерен до засилен ветер од југозападен правец. Во текот на ноќта ќе има пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде околу 20, а максималната ќе достигне до 40 степени.

Во петок ќе преовладува променливо облачно и посвежо време, претпладне со локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен, на места засилен ветер од северозападен правец. Потоа следува период на стабилно време. Во петок и сабота дневните температури ќе бидат за 4 до 5 степени пониски од утрешните, а од недела се очекува благ пораст на дневните температури.

Share
Scroll to Top