Сообраќајна несреќа на Јадранската магистрала, жена со тешки повреди е пренесена во болница

пред 3 години

Жена заврши со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа што се случи вчера на улицата „Јадранска магистрала“.

Станува збор за 40-годишна жена од селото Волково, која управувајќи автомобил се судрила со 32-годишник од Косово, информираат од полицијата.

Жената е пренесена во Градската општа болница „8 Септември“.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

Share
Scroll to Top