Со електричен тротинет удрил во 63-годишна скопјанка и побегнал

пред 3 години

Во скопската полиција вчера во утринските часови бил пријавен инцидент кој се случил на булеварот Партизански одреди, а го предизвикало засега непознато лице, кое управувало електричен тротинет.

Како што информираат од МВР, тротинетот удрил во пешак – 63-годишна жена од Скопје, по што го напуштил местото на незгодата.

Од ударот, жената се здобила со тешки повреди, констатирани во Градската општа болница „8 Септември“.

На местото на настанот увид извршила екипа од СВР Скопје и работи на расчистување на случајот.

Share
Scroll to Top