На автопатот Демир Капија-Неготино, вчера во попладневните часови, кај наплатната станица Демир Капија, товарно возило удрило во кабина за наплата на патарина, по што го напуштило местото на незгодата.
На местото на настанот извршен бил увид од неготинската полиција и се преземаат мерки за расчистување на случајот.