Приведени четири лица – ја тргнале пломбата за да се дружат во кафеана во Скопје

пред 3 години

Полициски службеници од СВР Скопје, во соработка со Државниот пазарен инспекторат, извршиле контроли во 229 угостителски објекти во однос на тоа дали се почитуваат мерките и одлуките на Владатаза спречување на ширењето на Ковид-19.

При контролите било констатирано дека еден објект не ги почитува мерките, односно во објект на булеварот „Јане Сандански“, кој претходно бил затворен со пломба, биле затекнати А.Д. и И.Г. од Скопје, М.Т. од Нов Дојран и Д.Т. од с.Самоков, Македонски Брод. Тие биле приведени во Полициската станица Аеродром поради сомнение дека извршиле кривично дело „симнување или оштетување на службен печат или знак“, предвидено и казниво по член 398 од Кривичниот законик.За настанот бил известен јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Исто така, при контрола во угостителски објект на подрачјето на Шуто Оризари, сопственост на Ј.Ф., од страна на Државниот пазарен инспекторат изречена е мерка нерегистрирана дејност од Закон за нерегистрирана дејност, соопшти полицијата.

Share
Scroll to Top