Спасовски: Во 2015 протестиравме против насилство и криминал, а ВМРО-ДПМНЕ не знае против што ќе протестира

пред 2 години

Министерот за внатрешни работи во објава на својот фејсбук профил се потсети на протестите на 17 мај 2015 година.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

„Македонци, Албанци, Срби, Роми, Турци, Бошњаци, Власи… заедно и обединети, бидејќи ѝ мислевме добро на државата, имавме безброј причини да протестираме против суров режим.

Протестиравме против насилството и криминалот за кои дознавме од прислушкуваните разговори на 20.000 лица, против замолчувањето на неистомислениците, против полициската бруталност и тепањето студенти, против неправдите со кои ги осиромашија граѓаните, против меѓународната изолација и заробената држава, мрачните сценарија и обидите за дестабилизација, против ставањето на личниот и партискиот интерес над граѓанскиот“, посочува Спасовски во објавата.

Според министерот, ваквото граѓанско движење го вратило достоинството на граѓаните, демократијата во државата, слободата на медиумите и независноста на судството.

„Денеска сме сведоци на една ‘активна блокада’ на работата на Собранието од страна на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, која всушност претставува една активна кочница на исполнувањето и гарантирањето на правата на граѓаните, а со цел да се спречи континуираниот успех на СДСМ за напредок на државата. Се обидуваат да ги избришат вредностите кои ги воспоставивме, а кои нѐ исправија на нозе како држава, нѐ етаблираа како НАТО членка и нѐ приближија кон ЕУ“, додава Спасовски.

Во објавата тој додава дека иако опозициската партија најавува народен протест, всушност не знае зошто ќе протестира.

„Не знаат! Дали протестираат против зголемени плати, против двојно зголемена минимална плата (18.000 ден.) што во нивно време изнесуваше едвај 9.000 денари; против функционалните институции, против успесите на меѓународен план, против сѐ што значи напредок за граѓаните и државата“, посочува Спасовски во својата објава посветена на протестот одржан на денешен ден пред точно 7 години.

На ова се надоврза и поранешниот премиер, Зоран Заев кој на „Фејсбук“ објави видео од протестите на 17 мај 2015.

„Нека е честит и вековит Денот на обединувањето за слобода, Денот на граѓанскиот глас, Денот кога народот ја ослободи македонската црвена боја од прангите на едноумието и насилието. Да живее 17 мај. Да ја чуваме слободата. Да живеат граѓаните“, напиша Заев.

Share
Scroll to Top