Спасовски се повлекува од функцијата во СДСМ

пред 2 години

Министерот за внатрешни работи и потпретседател на СДСМ, Оливер Спасовски, утрово поднел оставка од потпретседателската функција во партијата.

Спасовски денеска информира дека вечерва ќе учествува на седницата во СДСМ и појасни оти претходно најавил дека новиот мандатар, кој вечер треба да биде предложен и избран од партијата, треба да си состави нов тим.

Спасовски рече дека 28 години се вложил во партијата и најави дека после Нова година ќе каже дали ќе остане во владиниот тим.

Share
Scroll to Top