Средба Демири-Бомгартнер: Франција е голем поддржувач на Северна Македонија во едукација и искуства за зајакнување на здравствениот сектор

Средба Демири-Бомгартнер: Франција е голем поддржувач на Северна Македонија во едукација и искуства за зајакнување на здравствениот сектор

пред 11 месеци

Министерот за здравство Илир Демири денеска оствари прва официјална средба со амбасадорот на Франција, Сирил Бомгартнер, на којашто се дискутираше за актуелните предизвици, за реформите, но и за активностите што е предвидено да се преземат во следниот период во јавното здравство.

Демири, го информираше францускиот амбасадор Бомгартнер за здравствените политики што се имплементираат во здравствениот сектор и разговараа за ЕУ перспективата на земјава.

На средбата, беше истакната традиционалната добра соработка меѓу Северна Македонија и Франција со оглед на големиот број на лекари и професори што се едуцирале во Франција.

Посебен акцент беше ставен на размената на искуствата помеѓу двете земји, со цел зајакнување на здравствениот сектор, како и зголемување на присуството на Франција не само во Македонија, туку и во сите земји од Западен Балкан.

Текстот Средба Демири-Бомгартнер: Франција е голем поддржувач на Северна Македонија во едукација и искуства за зајакнување на здравствениот сектор е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top