Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и државната секретарка во МВР, Магдалена Несторовска остварија работна средба со амбасадорката на Швајцарската Конфедерација во Република Северна Македонија, Н.Е. Вероник Улман придружувана од заменик амбасадорот Лусијан Егертер и националниот програмски офицер Кристина Колозова.
На средбата амбасадорката Улман изрази задоволство од досегашната одлична соработка меѓу Министерства за внатрешни работи , но и меѓу нашите две пријателски земји што трае со години наназад, а се разговараше и за можностите за нејзино унапредување и продлабочување во борбата против илегалната миграција и трговијата со луѓе, како и за соработка во различни проекти од значење за министерството.
Министерот Спасовски изрази благодарност до амбасадорката Улман за досегашната поддршка од страна на Швајцарската Влада и за успешната полициска соработка која се спроведува преку меѓународните канали, што резултира во решавање на многу случаи на териториите на двете земји, со надеж дека и во иднина истата ќе продолжи во нагорна линија.