ССНМ: Имаме право да известуваме, но и да имаме став

пред 2 години

По се зачестените напади и континуирано деградирање на позицијата на новинарите и медиумските екипи за време на протестите Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) смета дека е неопходно уште еднаш да ја нагласи потребата тие да бидат почитувани и заштитени. Тоа го очекуваме и од припадниците на МВР, од институциите, од партиите, но и од самите учесници на протестите, соопштуваат од Синдикатот.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

„Новинарите, фото и видео – репортерите се таму на нивното работно место и нивна задача е да информираат за тоа што се случува. Воедно, новинарите се учесници во јавната дебата и како такви имаат право да промислуваат, коментираат и аргументираат свои ставови без при тоа да бидат предмет на етикетирања и деградирања. Секој напад на новинар и медиумска екипа е напад врз јавноста и јавниот интерес, напад против правото на слобода на изразување, напад против демократијата, но и против пристојноста и цивилизациските вредности. Оттаму, секој таков напад најмногу го легитимира оној што го спроведува, како насилник и недемократ“ стои меѓудругото во соопштението на ССНМ.

Оттаму посочуваат дека „историски гледано со пократок рок се токму насилниците и недемократите. Без оглед на гласноста на улица и на социјалните мрежи – нивното време истекува“.

Share
Scroll to Top