Стартува проектот за ревитализација на големите хидроелектрани

пред 2 години

Почнува ревитализацијата на големите хидроелектрани во земјата во сопственост на АД ЕСМ, објави претседателот на Владата Димитар Ковачевски кој денеска се обрати на настан по повод 65 години од пуштањето во употреба на хидроелектраната Вруток.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

Со овој голем проект, како што рече Ковачевски, ќе бидат опфатени хидроелектраните Вруток, Врбен, Равен, Тиквеш, Шпилје, Глобочица, Козјак и хидроелектраната Света Петка.

„Покрај обновата на машинскиот дел на овие капацитети, дополнителна придобивката од проектот е предвиденото зголемувањето на капацитетот на акумулацијата на Маврово што ќе обезбеди пораст на годишното производство на електрична енергија од околу 40 гигават часови. Таквото зголемено производство на енергија од водата значи заштеда од 36,4 илјади тони CO2. Затоа го стартуваме проектот за ревитализацијата на големите хидроелектрани. За да ја зајакнеме македонската енергетска стабилност и независност, преку континуирано производство на чиста, зелена енергија во земјата“, рече Ковачевски.

Вкупното време за имплементација на проектот се очекува да е од 2022 до 2026 година.

Средствата за реализација на овој капитален проект во висина околу 29 милиони евра ќе бидат обезбедени од грантови и поволни кредити, како и од сопствените средства на Електрани на Северна Македонија.

 

Share
Scroll to Top