Стевчо собра повеќе потписи од гласови – поразот на Јакимовски главна тема на социјалните мрежи

Стевчо собра повеќе потписи од гласови – поразот на Јакимовски главна тема на социјалните мрежи

пред 1 недела

Кандидатот за претседател на ГРОМ и актуелен градоначалник на скопската општина Карпош, Стевчо Јакимовски, на вчерашниот прв круг од претседателските избори освои само 8.103 гласа, односно 0,90 %. Тоа е помалку од бројот на собрани потписи за претседателската кандидатура зад која му се потпишаа 10.000 граѓани.

Јакимовски во неговата општина освои 2.143 гласа, а во родната Крива Паланка за Јакимовски гласале 182 граѓани.

Тој вчеравечер призна пораз и ѝ честиташе водство на Гордана Силјановска-Давкова. Додаде дека не е задоволен од изборниот резултат.

Поразот на Јакимовски вчера беше главна тема на социјалните мрежи.

И доктортот Нико Беќаровски за него објави хумористичен статус.

„Стефчо Јакимовски собра повеќе потписи од гласови“, напиша тој на „Фејсбук“.

Стевчо Јакимовски во првиот круг заврши последен по бројот на гласови на претседателските избори.

 

Текстот Стевчо собра повеќе потписи од гласови – поразот на Јакимовски главна тема на социјалните мрежи е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top