Стојаноски: Ги повикуваме синдикатите и граѓаните да се вклучат во нашите барања за намалување на ценовниот притисок

пред 2 години

Денес на собраниската Комисија за финансирање и буџет, помеѓу другото беше и Законот за измена на законот за царинските тарифи во кој што по предлог на Владата се намалуваат царинските тарифи во неколку индустрии, информира пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојаноски.

„Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ имаше предлог, помеѓу другите индустрии, тука да влезат и царински тарифи на одредени производи кои што се користат како репроматеријали и во прехранбената индустрија, бидејќи сакаме да му помогнеме и на стопанството и на граѓаните во овие моменти кога инфлацијата и цените на храната растат вртоглаво на начин кој што покрај оние производи чија што цена е замрзната, да се намалат царинските тарифи за одредени други производи кои што се користат како репроматеријали и на тој начин да учествуваме во намалувањето на вкупната цена на производите, односно да бидам појасен, од една страна се намалуваат цените артиклите и на производите, а од друга страна, истите тие производи кои што користат репроматеријали од увоз не може на никој начин да пронајдат економска логика во истото“, објасни Стојаноски.

„Оние прехранбени производи кои што немаат замрзнати цени, доколку на овој начин би се намалила царинската тарифа за репроматеријалите што се користат за нивно производство и за финалната цена која што е во маркетите, би успеале да ја намалиме цената и на тој начин да им помогнеме на граѓаните во справување со овие предизвици кои што се захтевни за нивниот семеен буџет покрај тоа што можевме да видиме дека за само 30 дена синдикалната кошничка е накачена за цели 700 денари“, додаде тој.

Нагласи дека нивното барање било квалификувано како легитимно од страна на министерот за финансии, но било одбиено.

„И на тој начин изразуваме жалење и на некој начин ги повикуваме синдикатите и граѓаните да се вклучат во овие наши барања за да можеме на некој начин да го намалиме ценовниот притисок во крајниот дел од артиклите кои што се продаваат и кои што ја сочинуваат потрошувачката кошничка на граѓаните“, потенцира Стојаноски.

Share
Scroll to Top