Стрелиште во Гази Баба нелегално продавало муниција, кај негови клиенти пронајдени 300 куршуми

пред 4 години

Секторот за оружје при МВР извршил контрола во цивилно стрелиште во Гази Баба, за кое е утврдено дека вршело неовластена продажба на муниција.

Контролата уследила откако претходно денеска, Одделот за криминалистичка полиција и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје сопреле два автомобила и при извршениот преглед кај Н.М. (40) пронајдени биле 200 куршуми калибар 7,62 мм, а во другото возило кај лицето Е.Х. (48) пронајдени биле 100 куршуми калибар 9 мм.

Приведено е одговорното лице од стречиштето И.Р. (41), а објектот ќе биде запечатен.

Против сите тројца ќе бидат поднесени кривични пријави по член 396 од Кривичниот законик.

Share
Scroll to Top