Судскиот совет избра осум судии за скопска Апелација

Судскиот совет избра осум судии за скопска Апелација

пред 6 месеци

Судскиот совет избра осум судии за Апелацииниот суд Скопје, од кои четворица од кривичната и четворица од граѓанската област.

Нови апелациски судии од кривичната област се Габриела Гајдова, Александра Ристевска, Весна Димишкова и Осман Шабани, а од граѓанската област Александар Шопов, Ирена Костадиновска-Ангелова, Наталија Донева и Илир Сулејмани.

Се работи за прв избор за второстепен суд спроведен врз основа на новата методологијата.

Иако прворангиран на конечната ранг-листа за судии од кривична област, судијата Лазар Нанев, од Основниот суд Кавадарци, не беше избран за апелационен судија. Тој доби 4 гласа „за“ и 8 гласа „против“ од членовите на Судскиот совет.

Текстот Судскиот совет избра осум судии за скопска Апелација е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top