Во автомобил „Хамер“ во преградата меѓу двете предни седишта, тетовец криел кокаин и марихуана, известува МВР.
Според информации од надлежните а постапувајќи по поднесена кривична пријава, основното јавно обвинителство во Тетово донело наредба за спроведување истражна постапка против 31-годишен жител на Порој за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело- неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори казниви по Кривичниот законик.
Осомничениот, на 12 април, во преградата меѓу двете предни седишта на автомобил „Хамер“ со тетовски регистарски ознаки, неовластено држел 99,91 грама наркотична дрога кокаин, како и наркотична дрога марихуана со засега неутврдена маса, спакувани во повеќе помали пакувања. При претрес на автомобилот биле пронајдени и две мали дигитални ваги.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Тетово доставил предлог за определување притвор за осомниченото лице.
Судијата го прифати предлогот и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена, известуваат надлежните органи.