Тешко повредена тинејџерка откако со автомобил излетала од патот

пред 2 години

Осумнаесетгодишна девојка од струмичкото село Нова Маала е тешко повредена откако со автомобил излетала од локалниот пат за с.Доброшинци, во близина на мост од реката Струма.

Во несреќата, која се случила вчера попладне, повреден е и сопатникот Ж.М.(34) од с.Радичево, констатирани во Медицински центар Струмица. Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица.

Share
Scroll to Top