Тешко повреден малолетен пешак во Скопје

пред 3 години

На скопската улица „Александар Урдаревски“, вчера во попладневните часови, автомобил „пежо 307“ со скопски регистарски ознаки, управуван од М.П.(59) од Скопје, удрил во малолетен пешак.

Како што информираат од МВР, во несреќата детето се здобило со тешки повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Екипа од СВР Скопје извршила увид на местото на настанот.

Share
Scroll to Top