Деветнаесетгодишно момче кое управувало трактор се здоби со тешки повреди во сообраќајна несреќа со автомобил, кај струмичкото село Костурино.
Тракторот бил без регистарски ознаки, а автомобилот управуван од лице од Валандовско.
Увид на местото извршила полициска екипа.