Тошковски: Во ОВР Гевгелија има недостаток на моторни возила потребни за ефикасно полициско постапување

Тошковски: Во ОВР Гевгелија има недостаток на моторни возила потребни за ефикасно полициско постапување

пред 2 недели

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, во рамки на денешните активности оствари работни посети на Регионалниот центар за гранични работи Југ, Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор Богородица и Одделението за внатрешни работи Гевгелија.

На состанокот беше потврдено дека Регионалниот центар за гранични работи Југ во чиј состав е и ПС за ГН и ГП Богородица постапува во рамките на предвидените приоритети согласно стратешкиот план, со посебен акцент на илегалната миграција, криумчарењето мигранти и прекуграничниот криминал и во овој дел се постапува во соработка со Фронтекс. Во тој контекст во последниот период се бележи намалување на миграцијата.

„Што се однесува до ОВР Гевгелија безбедносната состојба на подрачјето кое го покрива е стабилна и се задржува ниска бројка на извршени кривични дела. Од страна на раководството бев запознаен дека се преземаат мерки и активности насочени кон расчистување на изборни нерегуларности. Во делот на човечките ресурси и материјално-техничката опременост ситуацијата е критична бидејќи кадровската пополнетост е 36%, а има недостаток и на моторни возила потребни за ефикасно полициско постапување“, заклучи министерот Тошковски.

Текстот Тошковски: Во ОВР Гевгелија има недостаток на моторни возила потребни за ефикасно полициско постапување е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top