Тренчевска: Новата апликација Bebbo нуди практични совети за правилен развој на децата

пред 3 години

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска денеска присуствуваше на промоција на новата мобилна апликација Bebbo, развиена од УНИЦЕФ , во соработка на Министерството за здравство, Министерството за образование и наука и Министерството за труд и социјална политика и поддршка на Европската Унија.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

Апликацијата Bebbo содржи многубројни информации и стручни совети, интерактивни алатки за правилен развој на детето, но и совети за тоа како родителите да се грижат за себе. Таа е бесплатна и лесна за симнување и користење, работи без интернет и е достапна на македонски и албански јазик.

Тренчевска посочи дека апликација Bebbo, во голем дел се надоврзува на заложбите на Министерството за труд и социјална политика, во зајакнувањето на капацитетите и вештините на стручниот кадар и на самите родители за позитивно родителство, имајќи го предвид значењето на односот на родителите и стручниот кадар во градинките во развојот на една личност и колку вештините со кои ќе се стекнат децата на возраст од 0-6 години ќе влијаат на нивниот понатамошен развој.

„Децата сведоци на насилство или жртви на насилство, понатаму во животот најчесто стануваат и самите насилници, поради тоа што не препознаваат што е добро, а што лошо. Што е решавање на еден проблем на демократски начин и решавање на проблем преку дијалог и дискусија внатре во семејството,“ рече Тренчевска.

Таа посочи дека, поддршка особено им е потребна на родителите и децата кои живеат во сиромаштија, деца Роми, деца со попреченост и деца кои се особено ранливи на експлоатација, злоупотреба и одвојување на семејството.

Share
Scroll to Top