Триесетдневен притвор за креаторот и администраторот на „Јавна соба“

пред 3 години

Основниот кривичен суд Скопје им одреди 30-дневен притвор на креаторот и администраторот на „Јавна соба“, кои денеска беа приведени по истрагата што траеше повеќе од една година. Тие се сомничат за производство и дистрибуција на детска порнографија.

Двајцата осомничени, на возраст од 32 и 21 година, денеска беа спроведени пред судија на претходна постапка.

„ По произнесување на јавниот обвинител и осомничените лица, во присуство на нивен бранител, како и ценење на фактите и доказите приложени во предлогот за определување мерка притвор и висината на предвидената казна за конкретното кривично дело, судија на претходна постапка го прифати предлогот и донесе решенија со кои на :

Д.К. и М.П. им определи мерка притвор во траење од 30 дена заради постоење на сите основи од член 165 ст.1 т.1,2 и 3 од ЗКП односно опасност од бегство, основан страв дека ќе ја попречи истрагата со влијание на сведоците и ќе го повтори или доврши кривичното дело“ соопшти судот.

Против овие решенија странките имаат право на жалба до Кривичниот совет.

Share
Scroll to Top