Трошоците за живот во јануари се зголемиле за 1.9 проценти

пред 4 години

Индексот на трошоците на животот во јануари 2021 година, во однос на јануари 2020 година, бележи зголемување од 1.9 %, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 1.6 %, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Намалување на индексите на трошоците на животот во јануари 2021 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај свежиот и разладениот зеленчук, освен компири и други коренести плодови за 6.5 %, свежото и разладеното овошје за 1.6 %, виното за 0.5 %, месото за 0.4 %, рибата и морските плодови, сирењето и урдата за 0.3 %, минералната вода, газираните пијалаци, соковите од овошје и зеленчук за 0.2 %.

Исто така, намалување на индексите на трошоците на животот е забележано и кај домашните миленици и сродните производи за 2.7 %, течните горива за домаќинствата за 1.9 %, опремата за спорт, кампирање и рекреација на отворено за 1.3 %, информатичката опрема за обработка на податоци за 1.1 %, обувките за 1.0 %, цврстите горива за домаќинствата за 0.9 %, малите електрични апарати за домаќинствата за 0.6 %, опремата за прием, снимање и репродукција на звук и слики за 0.5 %, другата облека и додатоците за облека за 0.4 %, облеката, стаклените садови, кујнскиот прибор и другата опрема за 0.2 %.

Пораст на индексите на трошоците на животот во јануари 2021 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 0.6 %, прехранбените производи неспоменати на друго место за 0.5 %, маслото и маснотиите за 0.4 %, жестоките пијалаци за 0.3 %.

Во јануари, исто така, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај електричните апарати за лична хигиена за 4.0 %, гасот за домаќинствата за 3.6 %, горивата и мазивата за сопствените превозни средства за 2.0 %, мебелот и покуќнината за 1.6 %, велосипедите за 1.4 %, големите електрични апарати за домаќинствата за 1.0 %, патниот патнички транспорт за 0.8 %, градините, растенијата и цвеќињата, книгите за 0.6 %, другите апарати и производи за лична хигиена за 0.4 %, моторните возила, одржувањето и поправката на сопствените превозни средства за 0.3 %, фармацевтските производи, другото образование, угостителските услуги за 0.2 %.

Share
Scroll to Top