Тројца повредени во сообраќајна несреќа во Тетовско

пред 3 години

Вчера околу 8.30 часот, на локалниот пат Ново Село два-Боговиње, возило „фолксфаген поло“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Д.А.(39) изгубило контрола и излетало од коловоз. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле сопатниците М.А.(40) и малолетник, а возачот се здобил со повреди.Тројцата биле пренесени во Клиничка болница Тетово за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово, соопшти полицијата.

Share
Scroll to Top